петок, август 14, 2026
Дома БАЛКАН Седум српски возачи на камиони повредени во експлозија на плинска боца во...

Седум српски возачи на камиони повредени во експлозија на плинска боца во Австрија

192

Седум српски државјани се повредени во експлозија на плинска боца на аеродромот Хершинг во близина на Линц, Австрија. Повредените биле српски возачи на камиони, а несреќата се случила додека си подготвувале оброк, односно при користење плинска боца за готвење. Од непозната причина, боцата одеднаш експлодирала.

Како што објави Нова С, еден од очевидците бил 53-годишен српски државјанин, кој веднаш им притрчал на помош на повредените колеги по експлозијата.

Двајца од нив 41-годишен и неговиот 54-годишен колега се најтешко повредени. Двајцата се пренесени со хеликоптер во Општата болница во Виена.

Петте повредени мажи се згрижени во болниците во Линц и Велс.

Полицијата започна истрага за да се утврди точната причина за експлозијата.

ИЗДВОЕНИ