вторник, јуни 23, 2026
Дома СВЕТ Се запали авион на „Туркиш ерлајнс“ при слетување на аеродромот во Катманду/ВИДЕО

Се запали авион на „Туркиш ерлајнс“ при слетување на аеродромот во Катманду/ВИДЕО

412
screenshot /Instagram/ndtv and ndtvworld

Авион на „Туркиш ерлајнс“ се запали при слетувањето на главниот аеродром во Непал во неделата. Во инцидентот нема повредени, но аеродромот беше затворен.

Авионот, кој леташе од Истанбул, слета на меѓународниот аеродром Трибхуван во Катманду, а од десната трака за слетување излегуваше оган и чад. Службите за итни случаи реагираа и го ставија пожарот под контрола, а патниците беа безбедно евакуирани, соопштија службеници на аеродромот. Аеродромот беше затворен утрово.

Авионот „Ербас 330“ превезуваше 277 патници и 11 членови на екипажот, објави „Ле Фигаро“.

Портпаролот на Непалската управа за цивилно воздухопловство изјави дека искра на десната трака за слетување на авионот го предизвикала пожарот во авионот, кој пристигнал од Истанбул, објави новинската агенција Бета.

Неколку авиони што летаа кон Катманду беа приземјени додека службениците го истражуваа инцидентот и се обидуваа да ја исчистат единствената писта на аеродромот.

Во Непал често се случуваат авионски несреќи, бидејќи неговиот планински терен и променливото време ги отежнуваат условите за летање, објавува АП. Авион на „Туркиш ерлајнс“ слета во Катманду во 2015 година во густа магла и се лизна од пистата, со што аеродромот беше затворен неколку дена. Немаше повредени, а авионот подоцна беше извлечен од аеродромот и претворен во музеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NDTV (@ndtv)

ИЗДВОЕНИ