сабота, ноември 7, 2026
Дома СКОПСКА Се реконструираат последните 250 метри од „Ленинова“

Се реконструираат последните 250 метри од „Ленинова“

45

Општина Центар ja реконструира последната фаза од улицата „Ленинова“, на потегот од крстосницата со улицата „Илинденска“ до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Во тек се градежни активности на последната делница, во должина од 250 метри. Со реконструкцијата се предвидува уредување на коловозот и на пешачките површини, поставување нови рабници, подигнување и нивелирање на сливниците и на уличните шахти, како и реконструкција на мрежата за јавно осветлување. Предвидено е и поставување ново урбано зеленило – соопштија општинските власти.

Тие додаваат дека со оваа фаза се комплетира целосната реконструкција на „Ленинова“, во вкупна должина од над 600 метри, со што улицата добива уреден, функционален и современ изглед, приспособен на потребите на жителите, пешаците, велосипедистите и на возачите.

– „Ленинова“ е важна сообраќајна артерија што го поврзува централното градско подрачје. Со оваа реконструкција, создаваме поквалитетен, пофункционален и побезбеден јавен простор за сите граѓани – нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Првиот дел од улицата „Ленинова“ беше саниран во 2023 година, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, a со тековниот зафат целосно се комплетира проектот.

 

ИЗДВОЕНИ