понеделник, јуни 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Се проверуваат ограничените маржи на ѓубривата

Се проверуваат ограничените маржи на ѓубривата

22

Државниот пазарен инспекторат најавува засилени инспекциски контроли на работењето на трговците со вештачки ѓубрива, по одлуката на Владата за ограничување на маржите и за континуирано снабдување со производот, која ќе се применува до 31 мај годинава.

– Контролите ќе бидат насочени кон доследна примена на утврдените мерки на Владата, и тоа: како највисоки цени на резервите во трговијата на големо на неоргански ѓубрива се утврдуваат цените што се применувале во трговијата на големо на 15 април 2026 година, намалени за 10 %; се ограничува највисоката бруто-профитна маржа во трговијата на големо и на мало на неорганските ѓубрива до 5 %; се ограничува највисоката бруто-профитна маржа во трговијата на големо и на мало на органските ѓубрива, органоминералните ѓубрива, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата до 10 % – велат од Пазарниот инспекторат.

Како што е соопштено, ќе се контролира и обврската за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива.

– Трговците на мало се должни месечно да обезбедуваат и да продаваат најмалку 70 % од просечната количина што ја набавиле во 2026 година, додека трговците на големо се обврзуваат да ги снабдуваат трговците на мало со најмалку 70 % од просечно продадените количини – појаснуваат од Инспекторатот.

Државниот пазарен инспекторат, велат оттаму, ќе постапува по сите утврдени неправилности и ќе изрекува соодветни мерки и санкции согласно со законските надлежности.

Пазарниот инспекторат апелира сите економски оператори во големопродажбата и во малопродажбата да постапуваат во согласност со донесените одлуки, со цел обезбедување фер пазарни услови и заштита на интересите на земјоделците и граѓаните.

ИЗДВОЕНИ