Согласно со првичните сознанија, може да се истакне дека за разлика од почетоците на истражувањата во доцните 2000-ти и раните 2010-ти години, кога се проценуваше популацијата на рибарките на близу 25.000 возрасни единки, денес нивниот број е значително намален, на нешто повеќе од 5.000. Овој пад, најверојатно, се должи на рибарските мрежи во кои тие лесно се дават, а кои, за жал, редовно се поставуваат околу островот – информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Според ова Здружение, за разлика од рибарките, поскокот, кој води таинствен живот во внатрешноста на островот, не бележи намалување, односно неговата популација е стабилна, со стандардна варијација на возрасни единки помеѓу 200 и 300 во последните 19 години

 

Забележливо за експертите и за локалното население е дека бројот на змии на островот Голем Град во Преспанското Езеро е значително опаднат во споредба со минатото. Toa го покажа и спроведениот редовен теренски мониторинг на змиите и на другите влекачи од стручните лица од Македонското еколошко друштво (МЕД), заедно со нивните колеги од Биолошкиот факултет во Белград (Србија) и од Центарот за биолошки истражувања во Шизе (Франција).

– Согласно со првичните сознанија, може да се истакне дека за разлика од почетоците на истражувањата во доцните 2000-ти и раните 2010-ти години, кога се проценуваше популацијата на рибарките на близу 25.000 возрасни единки, денес нивниот број е значително намален, на нешто повеќе од 5.000. Овој пад, најверојатно, се должи на рибарските мрежи во кои тие лесно се дават, а кои, за жал редовно се поставуваат околу островот – информираат од МЕД.

Оттаму додаваат дека новиот план за управување за Преспанското Езеро исцртува зона за строга заштита во водите околу Голем Град, односно истото зонирање што го има самиот остров во рамките на националниот парк „Галичица“.

Од МЕД се надеваат дека наскоро ќе може да се спроведува редовна контрола на активностите што се дефинирани како забранети во овој дел од езерото, велејќи дека, сепак, во последните три години, на терен популацијата на рибарки изгледа навидум подобрена.

– Останува анализите да го потврдат ова со продолжување на континуираниот мониторинг. Претпоставуваме дека ова делумно се должи на подобрената контрола на риболовот во соседна Албанија, но по она што го забележуваме на терен, исто така и на преминот од лов на преспанска белвица со мрежи со ситни окца кон поизразен лов на крап околу островот со покрупни мрежи, кои рибарките може да ги избегнат – објаснуваат од МЕД.

Според ова Здружение, за разлика од рибарките, поскокот, кој води таинствен живот во внатрешноста на островот, не бележи намалување, односно неговите популации се стабилни, со стандардна варијација на возрасни единки помеѓу 200 и 300 во последните 19 години.

Сепак, нагласуваат дека ова се само прелиминарни согледувања од оваа година, а деталните кабинетски анализи на собраните податоци допрва ќе следуваат, по крајот на теренската сезона.

– Ваквата активност е клучна за развојот на ефективнит стратегии за заштита, за продлабочување на разбирањето на еколошката рамнотежа на Голем Град и за подигнување на јавната свест за важната улога што ја имаат змиите во целокупниот екосистем – сметаат од МЕД.

Активностите се дел од „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“, поддржан од „Prespa Ohrid Nature Trust“ (PONT), Фондацијата „Aage V. Jensen“ и од „EuroNatur“.

Голем Град е мал, но исклучително значаен остров во Преспанското Езеро, познат по својата богата и уникатна биолошка разновидност, но и по милениумските археолошки остатоци од некогашното човеково живеење. Денес, речиси еден век по неговиот последен човечки жител, тој е „град“ на голем број растенија, инсекти, птици и секако – на влекачи.

Токму поради значителната бројност и концентрацијата на змијата рибарка (Natrix tessellata), островот е познат во јавноста и како Змиски Остров, предизвикувајќи ја љубопитноста на научната херпетолошка јавност веќе со децении. Дополнително, на островот се среќава и помалубројниот и таинствен поскок (Vipera ammodytes).

 

 

ИЗДВОЕНИ