Европската комисија подготвува нови правила за заштита на децата од зависничкиот дизајн на социјалните мрежи како што се TikTok, Facebook, Instagram и X, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, во Копенхаген.
Таа предупреди на растечките последици за децата и младите, како што се недостаток на сон, депресија, анксиозност, самоповредување, зависност, онлајн злоупотреба и експлоатација. Таа нагласи дека овие проблеми не се случајни, туку резултат на бизнис моделите што го претвораат вниманието на децата во производ
Како дел од новиот Закон за дигитална праведност (DFA), кој се очекува да биде предложен до крајот на годината, Комисијата планира построги мерки против штетниот и зависнчкиот дизајн на платформите, како и дополнителни ограничувања за користење на вештачка интелигенција на социјалните мрежи. Фон дер Лајен, исто така, го поддржа воведувањето на минимална возраст за пристап до овие мрежи.
Новите правила ќе го прошират постојниот Закон за дигитални услуги, според кој големите платформи мора да бидат попроактивни во отстранувањето на нелегалната и штетна содржина. Комисијата веќе ги истражува платформите на TikTok, X и Meta, Instagram и Facebook, за зависничкиот дизајн, бесконечно скролање, содржина за автоматско пуштање и push известувања.
Покрената е и постапка против Х за користење на алатката за вештачка интелигенција „Грок“ за креирање сексуално експлицитни слики од жени и деца, пренесе „Ројтерс“.












