четврток, јуни 4, 2026
Дома СПОРТ Се подготвува спектакуларен трансфер кој ќе одекне низ целиот фудбалски свет

Се подготвува спектакуларен трансфер кој ќе одекне низ целиот фудбалски свет

332
epa10484411 Josko Guardiol (C) of Leipzig scores the 1-1 equalizing goal against goalkepeer Ederson (L) of Manchester City during the UEFA Champions League, Round of 16, 1st leg between RB Leipzig and Manchester City in Leipzig, Germany, 22 February 2023. EPA-EFE/Filip Singer

Во текот на јануари видовме неколку интересни трансфери, но јасно е дека вистинскиот спектакл нè очекува дури на лето.

Веќе се шпекулира за неколку спектакуларни трансфери, но еден од нив привлече особено внимание кај фудбалската јавност.

Се појавија информации дека Ливерпул и Реал (М) би можеле да постигнат договор на крајот од оваа сезона, бидејќи „црвените“ покажаа огромен интерес за играч од „кралскиот клуб“.

Во прашање е уругвајскиот играч за врска Федерико Валверде, кого сакаат да го доведат на „Енфилд“ на лето и дури се подготвени да потрошат над 100 милиони евра за да го остварат тоа.

Иако се свесни дека ќе биде тешко бидејќи Валверде е еден од клучните играчи во Реал (М), челниците на Ливерпул наводно се подготвени да се обидат и подготвуваат понуда што Флорентино Перез би можел да ја разгледа.

Исто така, се наведува дека самиот Валверде има желба да се испроба во англиската Премиер лига, а на „Енфилд“ веќе го гледаат како новиот Стивен Џерард.

Валверде има договор со Реал (М) до летото 2029 година, но не е невозможно да го напушти Мадрид на лето, но клучно ќе биде дали го сака тоа или не.

Медиумите во Англија наведуваат дека покрај Ливерпул, голем интерес за него покажал и Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ дури испратија и официјална понуда за Валверде минатото лето, но истата експресно беше одбиена.

Валверде не сакаше да оди на „Олд Трафорд“, но според извори блиски до Ливерпул, тој има сосема поинакво мислење за „црвените“, што дава оптимизам дека трансферот не е невозможна мисија како што првично се веруваше.

ИЗДВОЕНИ