СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство” по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во инцидентот учествувале околу 30 членови на навивачката група „Фемили“, кои нападнале приближно 50 навивачи на КК „Работнички“.
За случајот, СВР Скопје поднесе кривична пријава за насилство против П.А., согласно член 386 од Кривичниот законик. Тој е лишен од слобода, а пријавата е поднесена по брза постапка, по насоки на надлежен јавен обвинител.
Во полициска станица биле приведени и две други лица, на возраст од 18 години, од Скопје. Од МВР информираат дека истрагата продолжува и дека полицијата повикува и други лица за кои ќе се утврди дека учествувале во насилството.
Од Министерството апелираат до навивачките групи да го почитуваат спортскиот дух и да се однесуваат фер, нагласувајќи дека насилството нема да биде толерирано.












