Американскиот актер Џим Кери (64) се ожени со својата партнерка Мин Ах (32) на мала, приватна церемонија во Лос Анџелес, потврди денес неговиот претставник за американското списание „Entertainment Weekly“.
Ова е трет брак на Кери. Актерот и Мин Ах првпат беа фотографирани заедно во 2022 година, а официјално се појавија како пар на 26 февруари на доделувањето на наградите „Цезар“ во Париз. Тогаш, додека ја примаше почесната награда, Кери ѝм се заблагодари на своето семејство – ќерката Џејн и внукот Џексон – и изрази посебна благодарност до Мин Ах, која ја нарече своја „возвишена сопатничка“.
„Те сакам, Мин Ах“, рече Кери, по што актерот, неговата партнерка, ќерката и внукот добија овации од публиката.
Кери претходно беше во брак со Мелиса Вомер од 1987 до 1995 година – со која ја има ќерката Џејн – и со актерката Лорен Холи, негова партнерка во филмот „Глупавиот и поглупавиот“ (Dumb and Dumber), тој се ожени со Холи во 1996 година, но се разведе од неа веќе следната година. Во текот на својата кариера, актерот бил во врски и со познати личности како Џени Мекарти, Рене Зелвегер, Линда Ронстат и Џенуари Џонс.
Како што наведува „Entertainment Weekly“, Кери претходно изјавуваше дека не планира повторно да стапи во брак.
„Ако си го направил тоа двапати, навистина треба да престанеш“, рече еднаш Кери.
Сепак, американското списание истакнува дека тој очигледно го променил својот став.












