
Португалскиот интернационалец од редовите на богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал Наср, Жоао Феликс, откри дека планира да се врати во Европа на крајот од актуелната сезона, кога ќе има и статус на слободен фудбалер. Крилниот напаѓач додаде дека главната причина за таквата негова одлука е желбата повторно да игра во Лигата на шампиони.











