сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА Се гради новопроектираната улица „2“ во Железара

Се гради новопроектираната улица „2“ во Железара

1176

Во населбата Железара, во тек се градежни активности за изградба на новопроектираната улица „2“, со што се унапредува локалната патна инфраструктура.

Од Општина Гази Баба информираат дека проектот се реализира во рамките на вториот јавен повик на Владата, преку кој се обезбедени средства за подобрување на општинската инфраструктура.

– Улицата се гради согласно со современите стандарди, со квалитетна коловозна конструкција и со соодветно сообраќајно решение. Со реализацијата на овој проект, значително ќе се подобри пристапот до околните објекти – потенцираат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека Општината континуирано инвестира во развојот и модернизацијата на патната инфраструктура насекаде на своја територија, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

– Се реализираат проекти за изградба на нови улици, како и реконструкција и санација на постојните сообраќајници. Дел од овие инвестиции се овозможени преку владини програми и јавни повици, со што се обезбедуваат дополнителни средства за капитални проекти – соопштија од Општина Гази Баба.

 

 

ИЗДВОЕНИ