сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА Психолошка поддршка за онколошките пациенти од Општина Карпош

Психолошка поддршка за онколошките пациенти од Општина Карпош

22

Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на онколошките пациенти, со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање групни терапевтски средби.

Во период од девет месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни сесии во рамките на кои учесниците ќе добијат: безбеден простор за споделување, емоционална поддршка, техники за справување со стресот и анксиозноста и чувство на заедница и разбирање.

– Главната цел на овој проект, кој е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за оваа година, е подобрување на менталната благосостојба, намалување на анкзиозноста и зајакнување на психолошката отпорност и емоционалната стабилност кај учесниците – соопштија од Општина Карпош.

Средбите ќе бидат реализирани од стручен тим предводен од лиценцираниот психолог Тамара Стојчевска.

Сите заинтересирани граѓани може да се пријават на телефонскиот број 076/439-663.

 

ИЗДВОЕНИ