
Белгискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Ромелу Лукаку, планира да се врати во англиската Премиер лига за време на летниот преоден рок. Искусниот напаѓач веќе неколку недели е во војна со предводникот на „азурите“, Антонио Конте и затоа клупските челници планираа да го продадат на првиот клуб кој ќе испрати понуда не помала од 20 мил. евра.











