
Саудиска Арабија, Турција и Пакистан потпишуваат клучен договор за одбрана во Џеда, западна Саудиска Арабија. Средбата на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф формализира договор насочен кон зајакнување на регионалната безбедност по ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран, пишува „Еуроњуз“.
Извори блиски до саудиската војска и до саудиската Влада потврдија за АФП дека се склучува договорот како одговор на ширењето на конфликтот и на воените тензии во регионот. Главен поттик е војната меѓу САД и Иран, која ги погоди и земјите од Заливот и ја наруши пловидбата по Хормускиот Проток и Црвеното Море.
– За договорот беше дискутирано долго време, но неодамнешните настани во регионот го забрзаа целиот процес – рече еден од изворите, кој сакаше да остане анонимен.











