вторник, септември 22, 2026
Дома СВЕТ Сеута ги скара Шпанија и Италија: Мадрид најави контрамерки за италијанските гранични...

Сеута ги скара Шпанија и Италија: Мадрид најави контрамерки за италијанските гранични контроли на шпанските граѓани

53
Фото: EPA/REDUAN

Шпанската Влада се закани дека ќе воведе контрамерки против патниците од Италија доколку Рим не ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија до недела, 9 август, по минатонеделниот прилив на мигранти во шпанската северноафриканска енклава Сеута.

Во соопштението на шпанската Влада се наведува дека мерките воведени од Италија се „неоправдани, спротивни на интересите на Европската Унија и дискриминаторски кон граѓаните на Шпанија“, објави „Ројтерс“.

Мадрид истакна дека ниту еден мигрант што нерегуларно пристигнал во Сеута минатата недела не може слободно да влезе во Шенген-зоната, во согласност со правилата за миграција што важат за таа шпанска енклава.

ИЗДВОЕНИ