Лука Дончиќ ја започна новата НБА-сезона во неверојатна форма и веќе сериозно се наметнува како еден од главните кандидати за наградата МВП. Словенечката суперѕвезда продолжува да доминира, а неговите бројки се навистина импресивни.

Во победата на Лејкерс над Атланта со 124:114, Дончиќ постигна 32 поени, подели 10 асистенции и запиша осум скока, повторно потврдувајќи ја својата лидерска улога. Со тоа, тој влезе во историјата како трет најдобар стрелец во првите 10 натпревари од една сезона. По десет одиграни средби, Лука има вкупно 393 поени, односно просек од неверојатни 39,3 по натпревар, дополнет со 7,9 асистенции и 7,8 скока.

Од 1962 година наваму, ниту еден кошаркар не започнал сезона со толку висока ефикасност. Пред Дончиќ се наоѓаат само легендарните достигнувања на Вилт Чемберлен, додека зад него остануваат имиња како Мајкл Џордан, Коби Брајант, Леброн Џејмс и Стеф Кари.

Ако продолжи во ист ритам, Дончиќ ќе биде еден од најсериозните фаворити за МВП признанието. Сепак, за тоа ќе биде важно и Лејкерси да останат меѓу најдобрите екипи во лигата.

ИЗДВОЕНИ