вторник, ноември 10, 2026
Дома СПОРТ Две ѕвезди на Барса одат во Мадрид во пакет

Две ѕвезди на Барса одат во Мадрид во пакет

0
epa13318435 Lamine Yamal (L) of Barcelona walks after losing the UEFA Champions League league phase match Paris Saint-Germain FC against FC Barcelona, in Paris, France, 20 October 2026. EPA/YOAN VALAT

Предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, наводно се фокусирал на двајца играчи на Барселона, а планот на клубот е да ги доведе во пакет.

Атлетико Мадрид веќе полека го подготвува теренот за зимскиот преоден рок, а аргентинскиот стручњак има две имиња од својот најголем ривал на својата листа со желби.

Според шпанскиот портал „Ел Национал“, „јорганџиите“ сакаат да потпишат со Гави и со Марк Бернал во ист трансфер-договор.

Се работи за двајца исклучително талентирани играчи од средниот ред, кои требаа да бидат важен дел од проектот на Барселона во иднина, но нивната моментална ситуација на „Камп Ноу“ наводно отвора простор за потенцијално заминување. Тие немаат гарантирано место во почетниот состав на Барса, а Атлетико сака да го искористи тоа.

Симеоне наводно верува дека двајцата би можеле да добијат многу позначајна улога во неговиот тим, со значително повеќе време за играње отколку што моментално имаат под водство на Ханси Флик.

Ситуацијата околу Гави е особено интересна. Младиот играч од средниот ред не е во најдобри односи со германскиот стручњак и има информации дека размислува да го напушти каталонскиот гигант.

Бернал, од друга страна, е еден од големите проекти на Барселона за во иднина, па неговото евентуално заминување би претставувало сериозен удар за нејзините планови.

Сепак, реализацијата на таков договор воопшто нема да биде лесна. Атлетико и Барселона немаат особено добри односи, а претходните несогласувања меѓу нив би можеле дополнително да се искомплицираат со сите потенцијални преговори.

Затоа е тешко да се процени во моментов колку е реално ова сценарио, но интересот на мадридскиот клуб, сигурно, би можел да предизвика големо внимание во Шпанија.

Гави досега одигра 174 натпревари за Барселона, постигнувајќи десет гола и регистрирајќи 18 асистенции. Марк Бернал постигна пет гола и додаде три асистенции на 49 настапи за каталонскиот клуб.

 

ИЗДВОЕНИ