вторник, ноември 10, 2026
Дома СПОРТ Откриена приказната за Кристијано Роналдо што никој не ја знаеше

Откриена приказната за Кристијано Роналдо што никој не ја знаеше

0
epa10210490 Portugal's Cristiano Ronaldo reacts during the UEFA Nations League soccer match between Portugal and Spain at the Municipal stadium in Braga, Portugal, 27 September 2022. EPA-EFE/HUGO DELGADO

Кристијано Роналдо ја одбележа историјата на португалскиот фудбал, но малку е познато дека поради семејните корени, можел да има сосема поинаков репрезентативен пат.

По збогувањето на Роналдо со репрезентацијата, се појави приказна што со години беше криена од јавноста.

Според некои португалски медиуми, Португалија можела да остане без Роналдо додека тој сè уште бил малолетен.

Имено, една од неговите прабаби по таткова линија, Изабел Роса да Пиедаде, е родена во Капо Верде, поточно на островот Сао Висенте.

Таа живеела таму до 16 години, кога се преселила на Мадеира, каде што подоцна основала семејство, Роналдо е роден на Мадеира, во 1985 година.

Поради овие семејни врски, Роналдо имаше можност да аплицира за државјанство на Капо Верде, што ќе му го отвореше патот да игра за репрезентацијата на африканската земја.

Во оваа африканска земја, тие се обидоа со сè за да го убедат Роналдо да го носи нивниот дрес додека сè уште можеше да игра за репрезентацијата до 17 години.

„Требаше да игра за нас, имаше 16 години кога разговаравме за тоа“, соопшти Фудбалската асоцијација на Капо Верде.

Сепак, таквото сценарио никогаш не се оствари. Роналдо ја избра Португалија, за чија сениорска репрезентација дебитираше на 20 август 2003 година, во натпревар против Казахстан.

Интересно е што оваа семејна врска повторно го привлече вниманието на јавноста во 2008 година, кога Роналдо ја освои својата прва „Златна топка“.

Во тоа време, во Капо Верде имаше голем ентузијазам за фактот дека една од најголемите светски фудбалски ѕвезди има корени во нивната земја.

Денес е тешко да се замисли португалската репрезентација без Роналдо, но историјата можеше да изгледа сосема поинаку доколку неговиот фудбалски пат беше тргнал во поинаква насока.

ИЗДВОЕНИ