четврток, јули 9, 2026
Дома СВЕТ Самитите на НАТО треба да се одржуваат секоја втора година

Самитите на НАТО треба да се одржуваат секоја втора година

14
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Самитите на НАТО не мора да се одржуваат секоја година, туку би можеле да се организираат еднаш на секои две години, изјави словачкиот претседател Петер Пелегрини денес на прес-конференција по дводневниот самит на Алијансата во Анкара.

Пелегрини рече дека Северноатлантската алијанса е во состојба ефикасно да функционира со американскиот претседател Доналд Трамп благодарение на генералниот секретар на НАТО Марк Руте, пренесува „Танјуг“.

Пелегрини ја истакна улогата на Руте откако Трамп повторно го спомена Гренланд и амбицијата на Соединетите Американски Држави да ја преземат контролата врз арктичкиот остров.

„Зад сцената на самитот, се дискутираше за можното проширување на американските воени бази на територијата на Гренланд, без потреба од промена на правниот статус на територијата. Од оваа перспектива, верувам дека НАТО, под водство на генералниот секретар Руте, кој има добри и конструктивни односи со претседателот Трамп, ќе го одржи темпото и моментумот на единство“, рече Пелегрини.

Тој оцени дека годишниот интервал е премногу краток за правилно да се проценат вистинските достигнувања на НАТО и посочи на трошоците и обемот на организирање на самитот.

„Ако не се случи ништо вонредно, интервал од две години можеби ќе биде посоодветен. Сепак, таква одлука сè уште не е донесена. Ќе видиме што ќе донесат наредните месеци“, заклучи Пелегрини.

ИЗДВОЕНИ