вторник, август 25, 2026
Дома СВЕТ САД сè повеќе се затвораат: Во најава најголемо масовно укинување на американски...

САД сè повеќе се затвораат: Во најава најголемо масовно укинување на американски визи

17
epa12156574 Vehicles drive past the American Center in Yangon, Myanmar, 05 June 2025. US President Donald Trump signed a proclamation banning travel from 12 countries, including Myanmar, to enter the United States. EPA/NYEIN CHAN NAING

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, се подготвува да ги откаже деловните и туристичките визи за дури 200.000 странци кои поднеле барање за азил во САД или моментално се во процес на добивање азил. Доколку се спроведе, тоа би било најголемо масовно ослободување од виза во историјата на САД, спроведено одеднаш. Исто така, се очекува дека таквата мерка би можела да предизвика бројни правни спорови.

Според документите на американскиот Стејт департмент што ги видел „Асошиејтед прес“ (АП), како и според изјавите на двајца американски функционери, одлуката би можела да биде објавена во наредните недели. Планот се однесува на визите Б1 и Б2,  издадени помеѓу 2016 и 2026 година на лица кои поднеле барање за азил по влегувањето во САД или чија апликација е во тек. Визите Б1 се првенствено наменети за службени патувања, а визите Б2 се  издаваат за туристички посети, посети на семејство или за лекување во САД.

– Соработуваме со Министерството за внатрешна безбедност за да ги идентификуваме и поништиме неимигрантските визи на странци кои дошле во САД претставувајќи се како краткорочни посетители, а потоа поднеле барање за азил за трајно да останат тука, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот.

Американските претставници истакнуваат дека откажувањето на визата автоматски нема да значи итна депортација, туку луѓето чии барања за азил сè уште се во тек, би можеле да бидат префрлени во друга категорија на имиграциски статус, но веќе нема да имаат статус на деловни или туристички посетители.

ИЗДВОЕНИ