петок, август 14, 2026
Дома СВЕТ САД: Мигрантите да бараат постојан престој или да се вратат во своите...

САД: Мигрантите да бараат постојан престој или да се вратат во своите земји

131

Мигрантите во Соединетите Американски Држави со привремен заштитен статус треба да аплицираат за постојан престој или да одат во своите матични земји, изјави денес американскиот министер за внатрешна безбедност, Марк Вејн Малин.

Одлуката на Врховниот суд на САД минатата недела ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да им го одземе хуманитарниот статус на стотици илјади хаитски и сириски имигранти, што ги штити од депортација во нивните матични земји опустошени од конфликти и сиромаштија, пренесе Ројтерс.

„Или обидете се да ги исполните административните барања за да бидете тука со постојан статус, или ние ќе ви помогнеме да се вратите во вашата земја. Ќе ви дадеме авионска карта, плус околу 2.100 долари за да ви помогнеме повторно да застанете на нозе кога ќе стигнете таму, но привремен заштитен статус, според судовите и по самото име, не е постојан статус“, рече Малин.

ИЗДВОЕНИ