
Американскиот претседател Доналд Трамп ги избра новите амбасадори на САД во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека за Македонија и за Косово сè уште нема номинација.
Адвокатот од Калифорнија, Мајкл Јанг, е избран за нов амбасадор на САД во Србија. Ова е втор обид на американската администрација да назначи шеф на дипломатската мисија во Белград. Питер Мекој од Јужна Каролина е номиниран за амбасадор во Црна Гора, додека за Босна и Херцеговина е избран Роналд Џонсон од Масачусетс. Претходно, за амбасадор во Албанија беше номиниран воениот офицер Ерик Вендт.
Номинацијата на сите сега мора да помине низ уставно пропишаната административна постапка за потврда пред Сенатот на САД.
Заедно со нив, Белата куќа номинираше голем број амбасадори за приближно 20 земји.











