Соединетите Американски Држави (САД) го известиле Израел дека во наредните денови планираат значително да ја интензивираат воената кампања против Иран, при што за првпат ќе бидат употребени тешки стратешки бомбардери, објави израелскиот јавен сервис Кан.
Според извештајот, главна цел на претстојните напади ќе биде нуклеарниот полигон „Планината Пикејкс“, кој се наоѓа во близина на градот Ком.
Ова следува по серијата јавни изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во текот на изминатата недела повеќепати најавуваше дека областа ќе биде погодена „многу наскоро“.
Кан наведува дека Вашингтон и Ерусалим тесно ги координираат безбедносните и воените активности, со цел Израел да биде подготвен за можен одговор од Техеран. Според проценките, Иран би можел да возврати со масовни ракетни напади врз израелска територија.
Поради најновите информации и американските предупредувања, израелските одбранбени сили и безбедносните служби се ставени во состојба на висока готовност, пренесува Кан.












