сабота, февруари 21, 2026
Дома СВЕТ Руски напад на Запорожје, има загинати и повредени/ФОТО/ВИДЕО

Руски напад на Запорожје, има загинати и повредени/ФОТО/ВИДЕО

106
screenshot KyivPost X

Едно лице загина, а 31 се повредени синоќа во руски напад со беспилотни летала и ракети врз југоисточниот град Запорожје, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на регионалните власти.

Како резултат на ноќниот напад, над 20.000 жители останаа без струја, а уште 17.000 без греење, изјави гувернерот на регионот Запорожје, Иван Федоров, кој рече дека во нападот бил уништен енергетски објект.

„Киев пост“ пишува дека Иван Федоров, гувернер на областа Запорожје, изјавил дека во ракетниот напад загинал 47-годишен маж.

„Меѓу ранетите има и двомесечно бебе“, рече Федоров на Телеграм.

Русија редовно извршува воздушни напади врз украинските градови зад линијата на фронтот, најчесто насочени кон објекти во ослабената енергетска мрежа на земјата.

ИЗДВОЕНИ