Русија е подготвена да разгледа нови предлози за мирно решавање на кризата во Украина, но тие мора да ја земат предвид „ситуацијата на терен“, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Рјабков во интервју за рускиот портал News.ru изјави дека САД покажале подготвеност за „конструктивен дијалог“, како и „разбирање на позицијата на Русија“, објави Ројтерс.
Според него, клучното прашање сега е колку Вашингтон може да влијае врз одлуките на Киев и европските земји што ја поддржуваат Украина.
„Во оваа фаза, поважно е до кој степен Вашингтон е во можност да влијае врз одлуките на режимот во Киев и неговите европски покровители, кои продолжуваат да сонуваат за „стратешки пораз“ на Русија“, рече Рјабков.












