вторник, октомври 6, 2026
Дома СВЕТ Рубио: Членството на Украина во НАТО моментално не е на дневен ред

Рубио: Членството на Украина во НАТО моментално не е на дневен ред

15
Фото: EPA/WILL OLIVER

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека членството на Украина во НАТО моментално не е на дневен ред, соопшти Стејт департментот.

„Соединетите Држави моментално не можат недвосмислено да кажат дали Украина треба да стане полноправна членка на НАТО“, рече Рубио за време на брифинг за новинарите на Исланд.

На прашањето за неговиот став околу членството на Украина во НАТО и дали таа треба да биде дел од Алијансата, тој одговори дека тоа прашање моментално не е на дневен ред.

„Тука нема одговор ’да’ или ’не’, освен фактот дека, како што знаете, членството на Украина во НАТО моментално не е на дневен ред“, одговори Рубио.

Тој објасни дека за таков чекор е потребен процес на постигнување консензус кој бара едногласност, нагласувајќи дека САД моментално се фокусирани на завршување на војната во Украина, пренесува Танјуг.

„Јасно ставивме до знаење дека можеме да одиграме улога во завршувањето на оваа војна. Сакаме да одиграме конструктивна улога“, додаде американскиот државен секретар.

ИЗДВОЕНИ