четврток, јуни 4, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Роже Федерер го интересираат само пари

Роже Федерер го интересираат само пари

644
EPA/JOEL CARRETT EDITORIAL USE ONLY AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Стигнаа сериозни критики кон поранешниот светски тениски рекет број еден, Швајцарецот Роже Федерер, од таблоидот „Блик“, кој ги објави изјавите на Жил Журдан, директорот на проектот за модернизација на комплексот „Ролан Гарос“. Во воведот на текстот, швајцарскиот таблоид поставува прашање за имиџот на познатиот тенисер:

– Дали почнува да паѓа маската на Роже Федерер? Низ целата своја кариера, шампионот од Базел секогаш градеше имиџ на идеален зет и олицетворение на елеганцијата. Сепак, се чини дека тој имиџ почнува да пука.

Потоа Журдан даде многу директни коментари за поранешниот рекет број еден во светот.

– Немавме добро мислење за него. Рафаел Надал беше многу пољубезен од Роже. Имавме впечаток дека Федерер се интересираше само за себе. Тоа беше неговата главна грижа. Не даваше ништо од себе, не одвојуваше време. Беше љубезен и тоа е сè – рече Французинот.

Во продолжение, тој дополнително го појасни својот став:

– Роже многу размислуваше за парите. Немавме никаков однос со него. Не беше груб или злобен, но се шегувавме меѓу себе дека не е баш идеален зет. Надал беше сосема поинаков, автентичен.

Ако се точни овие тврдења, Федерер, сепак, профитирал многу финансиски. Пред неколку дена, списанието „Форбс“ го прогласи за прв тениски милијардер, приклучувајќи се кон ретката група спортисти што заработиле повеќе од милијарда долари во текот на својата кариера и по нејзиното завршување.

Леброн Џејмс и Тајгер Вудс се, исто така, на таа листа. Иако Федерер има заработено помалку од 150 милиони долари во текот на својата кариера од наградите од турнирите, огромните приходи имаат дојдено преку спонзорските договори и деловните проекти. Тој изгради име и го претвори во голем деловен успех. И се чини дека не завршува неговиот финансиски раст тука.

ИЗДВОЕНИ