петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН Романија во готовност: Итно покренати два борбени авиони Ф-16, предупредување и до...

Романија во готовност: Итно покренати два борбени авиони Ф-16, предупредување и до населението

440

Романското Министерство за национална одбрана објави дека е издадено предупредување до населението поради беспилотно летало кое е забележано во близина на романскиот воздушен простор на северот од земјата, што довело до полетување на два воздухопловни авиони.

„Системите за воздушна одбрана се во состојба на готовност и се подготвени да интервенираат, во зависност од развојот на ситуацијата“, соопшти Министерството за одбрана, пренесе „Агерпрес“.

Во соопштението се наведува дека системите за надзор на Министерството за национална одбрана вечерва детектирале сигнали од беспилотни летала на север од округот Тулча, околу 20 километри северно од Валкове, а романскиот генерален инспекторат за вонредни ситуации испратил предупредувачка порака до населението во тој дел од земјата во 19:17 часот.

За да ја следат ситуацијата, два авиони Ф-16 на романските воздухопловни сили веднаш полетаа од воздухопловната база Фетешти.

ИЗДВОЕНИ