Според првите излезни анкети по завршувањето на првиот круг од повторените претседателски избори во Романија, кандидатот на десничарскиот Алијанса за единство на Романците (AUR), Георге Симион, води со 30 проценти од гласовите.
Второто место во анкетите го делат поранешниот национал-либерален политичар Крин Антонеску (65) и градоначалникот на Букурешт Никусор Дан (55), кои добија околу 23 проценти од гласовите, пренесува Танјуг.
Податоците не ги вклучуваат гласовите од дијаспората, објавува романскиот портал Диги 24.
Според излезната анкета спроведена од агенцијата „Авангард“ врз основа на податоци собрани до 19 часот, поранешниот премиер Виктор Понта освоил 15 проценти од гласовите, а претседателката на Сојузот за спасение на Романија (USR), Елена Ласциони, четири проценти.