петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Решен проблемот со водоснабдувањето во селото Ѕвегор

Решен проблемот со водоснабдувањето во селото Ѕвегор

46

По повеќемесечните проблеми со водоснабдувањето во селото Ѕвегор, дефектот на водоводната мрежа е отстранет и домаќинствата повторно се снабдуваат со вода, информира градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.

– По укажувањата на Општина Делчево, во повеќе наврати, до изведувачот „Бауер БГ“ – Скопје и до Министерството за животна средина и просторно  планирање, добивме известување дека е отстранет дефектот, дека е ставена мрежата под напон и дека снабдувањето со вода е нормализирано – изјави Трајковски.

Тој посочи дека Општината испратила барање до Министерството за животна средина и просторно планирање во најкраток рок да изврши технички прием на водоснабдителниот систем од изведувачот, по што системот ќе ѝ биде предаден на Општина Делчево.

Потоа управувањето ќе го преземе ЈКП „Брегалница“, кое ќе има целосна надлежност и одговорност за неговото функционирање.

Трајковски апелира жителите рационално да ја користат водата и домаќинствата што сè уште немаат склучено договор со ЈКП „Брегалница“, да поднесат барање за приклучување кон водоводната мрежа. 

 

ИЗДВОЕНИ