петок, август 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Разбојништво во Центар: Му помогнал да подигне пари од банкомат, па му...

Разбојништво во Центар: Му помогнал да подигне пари од банкомат, па му ги украл

0

Скопската полиција презема мерки за расчистување на разбојништво што се случило во општина Центар, при кое 35-годишен скопјанец останал без парите што штотуку ги подигнал од банкомат.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 август во 18:00 часот. С.С. (35) од Скопје изјавил дека околу 17:00 часот побарал помош од непознат маж за да подигне пари од банкомат.

Откако успеале да ги подигнат средствата, непознатиот со употреба на сила му ги одзел парите и побегнал од местото на настанот.

Од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ