петок, август 7, 2026
Дома СВЕТ Mасовно убиство во Тајланд; Тинејџер си ги убил бабата и дедото, па извршил...

Mасовно убиство во Тајланд; Тинејџер си ги убил бабата и дедото, па извршил масакр во училиште

0
EPA/RUNGROJ YONGRIT

Ученик на 14-годишна возраст прво ги убил своите баба и дедо, па уште шест лица во училиште во Бангкок, по што се самоубил. Полицијата соопшти дека ова е најсмртоносното масовно убиство во Тајланд од 2022 година.

Полицијата објави дека напаѓачот испукал најмалку 26 куршуми во училиштето и дека кај него биле пронајдени уште 34 парчиња муниција. Пиштолот му припаѓал на неговиот дедо. Портпаролот на тајландската полиција, Траиронг Фофан, рече дека самиот напаѓач е меѓу седумтемина убиени во училиштето. Уште 15 лица се ранети. Министерот за образование, Прасерт Џантараруангтонг, рече дека меѓу жртвите има наставници и ученици. Полицијата потврди дека напаѓачот бил ученик во тоа училиште.

Ова е второ пукање во тајландско училиште оваа година, откако беше убиен еден наставник, а еден ученик беше ранет на југот од земјата во февруари.

 

 

ИЗДВОЕНИ