
Килијан Мбапе му се придружи на Реал (М) во летото 2024 година како големо засилување. Од Французинот се очекуваа големи работи, но по две години клубот е без трофеј.
Мбапе се обиде да ја преземе соблекувалната и да стане главна ѕвезда, но неговите соиграчи му го свртеа грбот оваа година и го избраа Винисиус Жуниор за свој лидер.
„Соблекувалната на Реал го избра Винисиус пред Килијан Мбапе“, објавува Le Journal du Real и продолжува:
„Арбелоа успеа да победи на неколку важни натпревари без Мбапе. Винисиус беше лидер, неговите соиграчи го видоа тоа и го прифатија. Килијан Мбапе е осамен и тоа е јасно видливо на теренот.“
Проблемите на француската ѕвезда не завршуваат тука затоа што тој нема добри односи со неколку соиграчи.
„Килијан Мбапе е убеден дека некои соиграчи ја уништиле сезоната. Му се спротивстави Џуд Белингам, кој ги доведе во прашање некои од настапите на Мбапе и не помина добро“, додава истиот медиум.
Французинот го ризикуваше своето здравје во неколку натпревари за да му помогне на тимот, но на крајот, ја заврши сезоната предвреме.
Играше навистина добро оваа сезона, но неговата форма падна кога на клубот му беше најпотребен. Тоа се чувствуваше на теренот, а и тој и Винисиус добија свирежи од најверните навивачи на „кралскиот клуб“.
Мбапе одигра 41 натпревар оваа сезона на кои постигна 41 гол и додаде шест асистенции.
Откако пристигна во Мадрид, одигра точно 100 натпревари, постигна 85 гола и има 11 асистенции.
Винисиус Жуниор, од друга страна, не блескаше оваа сезона. Во 49 настапи, постигна скромни 19 голови и регистрираше 14 асистенции.
Најголемиот дел од времето го посвети на преговорите за нов договор. Реал (М) и тој преговараа со месеци и не можеа да постигнат договор, а проблемот лежи во парите.
Бразилецот сака плата во ист опсег како Мбапе, или околу 30 милиони евра. Реал му нуди моментална сума од околу 20 милиони и не сака да ја зголеми сумата ниту за еден цент.
Многу се зборуваше за неговото заминување од клубот но тој ќе остане барем до крајот на договорот во 2027 година иако се повеќе се зборува дека сепак би можел да се согласи со условите што ги нуди „кралскиот клуб“.











