Националниот џез-оркестар денеска (30 април), во Скопје, по десетти пат го организира фестивалот „Денес сè е за џезот“ (Today It’s All About Jazz“), а по повод Меѓународниот ден на џезот.

Поради неповолните временски услови, фестивалот од Парк „Ибни Пајко“ е преместен во салата на Македонската филхармонија, a влезот за сите настани е слободен.

Главната програма вклучува настапи на домашни и на странски изведувачи.

„Next To Silence“
Arnau Garrofé

Притоа, на 30 април од 16:00 часот, во паркот „Ибни Пајко“ ќе настапи македонскиот бенд „Peach Vice“, па ќе следува (17:15) „Next To Silence“. Во 18:30 ч., саксофонистот Arnau Garrofé првпат ќе се претстави како лидер на бенд со проектот „Frantik Zen“.

Jaco Pastorius

Националниот џез-оркестар, за од 19:45 часот, за публиката подготвува незаборавно музичко патување низ наследството на еден од најголемите и највлијателни басисти на сите времиња – Jaco Pastorius. Сцената ќе биде збогатена и со гостувањето на светскиот виртуоз на бас-гитара, Dane Alderson (Yellowjackets), како и на диригентот Sigi Feigl.

„Леб и сол“

Вечерта (21:00) ќе се заокружи со легендарниот маĸедонсĸи состав „Леб и сол“. Неговиот специфичен спој на фолĸлорни мотиви и на ĸомплеĸсни инструментални делници останува заштитен знаĸ по ĸој е препознатлив во целиот регион и пошироĸо. Сегашниот состав (Коĸан Димушевсĸи – ĸлавијатури, Бодан Арсовсĸи – бас, Димитар Божиĸов – гитара и Михаил Парушев – тапани), ĸој фунĸционира од 2007 година, го сними последниот студисĸи албум „И таĸа натаĸа…“ и во својот репертоар ги има сите познати нумери од првиот, па сè до последниот албум, почнувајќи од: „Марија“, „Деветка“, „Леб и игри“, „Галеб“, „Јовано Јованке“, „Како ти драго“, „Ручни рад“, „Бистра вода“, „Скакавац“, „Си заљубив едно моме“, „Распукала Шар Планина“ (позната како „Абер дојде, Донке“) и многу други.

Меѓународниот ден на џезот е прогласен од УНЕСКО во 2011 година, по иницијатива на Херби Хенкок и се одбележува во повеќе од 190 земји.

ИЗДВОЕНИ