петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Рампа за Трамп: Велика Британија нема да дозволи напади врз Иран од...

Рампа за Трамп: Велика Британија нема да дозволи напади врз Иран од нејзина територија

Британскиот министер за одбрана Џон Хили нагласи дека британските одлуки ќе продолжат да се темелат на одбранбените принципи, правна основа и координација со сојузниците со цел колективна самоодбрана.

127
screenshot video X

Обединетото Кралство нема да дозволи неговите воени бази да се користат за американски напади врз иранската енергетска инфраструктура, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили во обраќањето пред парламентот.

Тој изјави дека дозволите за САД да користат британски бази се исклучиво од одбранбен карактер и не вклучуваат напади врз иранските енергетски објекти.

– Дозволите за користење на британските бази за САД се одбранбени. Тие не вклучуваат напади врз иранските електрани – рече британскиот министер, пренесува „Скај њуз“.

Хили нагласи дека британските одлуки ќе продолжат да се темелат на одбранбените принципи, правна основа и координација со сојузниците со цел колективна самоодбрана.

Во исто време, британскиот разорувач ХМС Драгон пристигна во Средоземното Море и ќе започне мисија за заштита на Кипар.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно се закани со напади врз иранската енергетска инфраструктура, но подоцна објави дека тие се одложени поради наводни разговори со Иран, што Техеран го негираше.

ИЗДВОЕНИ