Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, согласно со член 35, 59 и 60 од Статутот, поради итност на донесување одлука согласно со член 3 точка 11 одлука без присуство од Законот за здружение и фондации („Службен весник на РМ“ бр. 52 од 16.4.2010 год.), на ден 6.5.2025 година донесе одлука за доделување парична награда.

Управниот одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација, за успешен пласман на претстојното Европско првенство, преку квалификациските натпревари против репрезентациите на Естонија и на Литванија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година, во висина од 1.500.000,00 денари нето-износ од РФМ.

Како дополнителна мотивација од Министерството за спорт, по одлука на министерот за спорт, г. Борко Ристовски, вети дополнителна парична награда од 1.500.000,00 денари нето- износ за нашата машка сениорска репрезентација, за пласман на Европското првенство.

 

ИЗДВОЕНИ