Вработените во Радио-телевизија Србија (РТС) обединети во групата „Наш протест“ објавија дека централната информативна емисија на јавниот сервис, „Дневник 2“, во неделата траела дури 86 минути, при што 63 од нив – според нив – биле посветени на „ода за претседателот во заминување“.
Оваа објава следуваше по оставката на Александар Вучиќ од функцијата претседател на Србија, пренесува „Нова С“.
Групата вработени во РТС, „Наш протест“, преку Инстаграм ја коментираше таа конкретна емисија на главната информативна програма на јавниот сервис.
„Имаме рекордер!!! Вчерашниот ’Дневник 2‘ на РТС траеше 86 минути.
Ода за претседателот во заминување: 63 минути.
Тоа е сè што треба да се знае за објективноста и неутралноста на јавниот сервис.
Уреднички на овој ’Дневник 2‘, кој постави рекорд, беа Јелена Миќиќ и Мина Костиќ“, соопштија од групата „Наш протест“.












