Путин: Размислувам за наследник, но конечниот избор ќе го направи рускиот народ

65
epa09101004 Russian President Vladimir Putin addresses on the occasion of the Day of the National Guard Troops, in Moscow, Russia 27 March 2021. EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека уште размислува за наследикот за претседател на државата, но дека конечниот избор треба да го направат Русите.
„Секогаш размислувам за ова. Но на крајот на краиштата, изборот ена народот, на рускиот народ, на граѓаните, на бирачите“, рече Путин во документарниот филм „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“, на ТВ каналот Росија 1, одговарајќи на прашањето дали размислува за тоа кој ќе ја води земјата во иднина, пренесе Интерфакс.

Путин се согласи со изјавата дека постојано размислува и го проценува секој можен кандидат.

Тој додаде дека „личноста која нема доверба во народот веројатно нема да имате можност да направи што било сериозно“.

„За земјата да биде стабилна, за да постојат услови кои би го гарантирале нејзиниот развој и безбедност, потребен е еден многу важен услов, доверба на луѓето во најголемите функционери на земјата. Но  за да се постигне таа доверба, секако, неопходно е да се работи чесно и ефикасно, да се подобри состојбата на нашите граѓани“, рече Путин.

Тој наведе дека земјата во моментот има најниско ниво на сиромаштија.

„Јасно е дека луѓето гледаат напред и секогаш поаѓаат од фактот дека  нештата би можеле да бидат подобри. И во тоа луѓето се, секако, во право. Но ако луѓето веруваат, тогаш главниот услов, имено, довербата во власта, ќе биде донекаде осигуран, а тоа е нешто без кое не може да има единство во општеството. За тоа размислувм секогаш. Внатрешната кохезија на општеството  е основа на сите наши достигнувања. И секогаш сум благодарен на луѓето на довербата што ја имаат во мене, и не само на изборите, туку во оваа моментална работа. Без тоа е невозможно ни да се живее ни да се работи“, рече тој.

Путин додаде дкеа би било подобро да има неколку наследници, за Русите да имаат избор.

„Мислам дека би требалод а се појави една личност, или уште подобро неколкумина, за луѓето да имаат избор, кој би можеле да ја стекнат таа доверба на граѓани на земјата“, рече Путин одговарајќи на прашање дали размислува кој ќе ја води земјата во иднина“, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ