вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Путин распиша избори за Државната Дума за 20 септември

Путин распиша избори за Државната Дума за 20 септември

9

„Изборите за пратеници на Државната Дума на Федералното собрание на Руската Федерација од новото свикување се распишуваат за 20 септември. Овој указ стапува на сила на денот на неговото официјално објавување“, се наведува во документот, пренесува „Тасс“.

Како што е наведено, на овие избори првпат ќе учествуваат жителите на Донбас и Новоросија, територии анектирани од Русија по референдумот во 2022 година, чија анексија не е признаена од Украина и голем дел од меѓународната заедница.

Покрај изборите за Државната Дума, планирано е да се одржат повеќе од 2.200 изборни процеси на различни нивоа во рамките на еден ден на гласање.

Се очекува да бидат избрани околу 20.700 пратенички места и други изборни позиции.

Овие избори ќе вклучуваат избори за шефови на 11 руски региони, од кои во осум граѓаните директно ќе избираат гувернери, додека во три региони највисоките функционери ќе бидат избрани од локалните собранија.

Избори за комори на пратеници на законодавните тела на руските региони се планирани во 39 субјекти на Русија, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ