петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Путин нуди решениe за алтернативни безбедни рути

Путин нуди решениe за алтернативни безбедни рути

55
EPA/SERGEI ILNITSKY

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека актуелните конфликти во Иран веќе директно влијаат на глобалните енергетски пазари, особено на транспортот на нафта и гас преку Хормускиот Проток.

Во видео обраќање до учесниците на Меѓународниот форум за транспорт и логистика, Путин рече дека безбедноста на испораките станува одлучувачки фактор и дека Русија може да понуди алтернативни и безбедни правци за меѓународна трговија, објави Спутник.

„Русија може да игра важна улога во формирањето нова архитектура на глобалната логистика и меѓународната трговија“, нагласи тој.

Путин рече дека руските логистички правци можат да се користат во услови на ескалација во Иран и ја нагласи потребата од долгорочно планирање на транспортот и логистиката.

Форумот се одржува за прв пат во Санкт Петербург, од 1 до 3 април.

ИЗДВОЕНИ