петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Детали од обвинителството за грозморното убиство во Гостивар

Детали од обвинителството за грозморното убиство во Гостивар

83

Јавното обвинителство соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб.

– Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција – наведува Обвинителството во денешното соопштение.

Триесет и тригодишникот започнал семејна расправија со таткото заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што физички го нападнал удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои таткото починал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

ИЗДВОЕНИ