Славчо Попоски ја објави прогнозата за престојниот викенд во Македонија. Ноември почна со врнежи и ниски температури, но оваа сабота и недела, 7 и 8 ноември, ќе имаме намалена облачност и повеќе сонце преку денот, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Сепак, поради разведрувањето за време на викендот утрата ќе бидат поладни со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има повеќе сонце а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро ќе биде поладно со минимална температура која ќе се спушта до околу 2 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 13 степени.
Во утринските часови по котлините и по речните долини ќе има услови за појава на магла.












