Фото: vecer.press

Инсталација посветена на борбата против корупцијата во здравството и укажувањето на системските слабости со кои се соочуваат пациентите и здравствените работници е поставена утрово на булеварот „Партизански одреди“ во центарот на Скопје.

Инсталацијата е замислена како симболична „чекална“ – простор кој треба да ги потсети граѓаните на долгото чекање, неефикасноста и коруптивните практики што го оптоваруваат здравствениот систем.

Фото: vecer.press

Како што е наведено во објаснувањето за инсталацијата, таа е посветена на илјадниците лекари и медицински сестри кои секојдневно пожртвувано и професионално ја извршуваат својата работа.

„Чекалната“ истовремено претставува симбол на системските слабости и коруптивните практики кои им нанесуваат штета на пациентите, но и го нарушуваат угледот на јавното здравство и на чесните здравствени работници.

Со оваа поставка се испраќа порака дека борбата против корупцијата во здравството не е само прашање на институционална одговорност, туку и на заштита на достоинството на пациентите и на професијата на здравствените работници.

ИЗДВОЕНИ