петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Прв Центар за поддршка на ученици со попреченост

Прв Центар за поддршка на ученици со попреченост

63

Oпштина Аеродром ќе го добие првиот Центар за поддршка на ученици со попреченост во рамките на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ, потпишаа договор за воспоставување на Центарот и обезбедување на стручни кадри за работа со учениците.

Центарот ќе почне со работа на почетокот на новата учебна година, а ќе може да го посетуваат ученици од сите училишта во општината според утврден распоред.

-Отворањето на овој Центар претставува голем чекор за унапредување на инклузивното образование и можност за еднаков пристап до соодветна поддршка за учениците со попреченост. Со оваа иницијатива, Општина Аеродром ја докажува својата посветеност за обезбедување оптимални услови за современ и инклузивен пристап во образованието и останува отворена за соработка со сите институции – соопштија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ