Просечниот работен век во Грција се зголемил за повеќе од три години во изминатата деценија и во 2025 година достигнал 35,3 години, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Во споредба со 2014 година, кога изнесувал 32,1 година, очекуваниот работен век е зголемен по големите пензиски реформи со кои беше подигната возраста за пензионирање.
Сепак, Грција и натаму е под просекот на Европската Унија, каде очекуваниот работен век изнесува 37,5 години. Најдолго работат жителите на Холандија – во просек 44 години, а најкраток работен век имаат Романија и Италија.
Во Грција останува голем јазот меѓу мажите и жените. Очекуваниот работен век кај мажите е 38,5 години, додека кај жените изнесува 31,8 години – втор најнизок резултат во ЕУ, веднаш по Италија.
Индикаторот не ја означува законската возраст за пензионирање, туку проценува колку време едно лице во просек останува активно на пазарот на трудот.












