понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАГАЗИН Пронајдена без свест со 5,25 промили – Германка со смртоносна доза алкохол...

Пронајдена без свест со 5,25 промили – Германка со смртоносна доза алкохол итно пренесена на интензивна нега

99

Дваесет и шестгодишна жена била итно пренесена во болница во германскиот град Оснабрик откако лекарите утврдиле дека има дури 5,25 промили алкохол во крвта – ниво што се смета за исклучително опасно по живот.

Како што соопшти локалната полиција, жената била пронајдена на пешачка патека во саботата наутро во беспомошна состојба и веднаш била префрлена на одделот за интензивна нега. Информацијата ја пренесе и германскиот магазин „Шпигел“.

Според извештаите, медицинскиот персонал бил шокиран од резултатите на тестирањето, а пациентката останува под постојан лекарски надзор.

Експертите предупредуваат дека тешка алкохолна интоксикација и алкохолна кома најчесто се јавуваат при концентрации над 3,5 промили, додека вредности над 4,0 промили се сметаат за потенцијално фатални поради ризик од парализа на виталните центри во мозокот.

Засега не се познати дополнителни детали за околностите под кои жената консумирала толкава количина алкохол.

ИЗДВОЕНИ