четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“

113

Јавно комунално претријатие на Општина Илинден „Водовод“ се поднови со ново возило,  цистерна за фекални отпадни. Специјалното возило за фекални отпадни води е со капацитет од 5 кубни метри.

На промоцијата на возилото, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите.

-Претпријатието во моментот стопанисува со приближно 50 километри фекална канализациона мрежа, а со набавката на цистерната значително ќе се подобри квалитетот на услугите на Јавното комунално претпријатие, а во исто време ќе се зголеми ефикасноста на вработените во делот на одведувањето на отпадните води од корисниците – изјави Георгиевски.

Тој додаде дека, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со обновувањето на возниот парк на општинските јавни претпријатија.

 

ИЗДВОЕНИ