сабота, јуни 6, 2026
Дома БАЛКАН Производството на фета во Грција се очекува да се намали поради недостиг...

Производството на фета во Грција се очекува да се намали поради недостиг на млеко

0
Фото:википедија

Производството на фета сирење во Грција оваа година би можело да биде помало за околу 15.000 тони.

Причината е намалената испорака на овчо и козјо млеко.

Ова се должи на големото намалување на добитокот поради епидемијата на мали сипаници и ширењето на болеста шап и лигавка на Лезбос.

Председателот на професионалната организација за фета Михалис Сарантис рече дека оваа година се очекува намалување на испораката на овчо млеко за меѓу 60.000 или 70.000 тони, што би можело да доведе до пад на производството за повеќе од 10 отсто, пренесе „Екатимерини“.

Годишното производство на фета сирење изнесува околу 140.000 тони,  од кои приближно 105.000 тони одат за извоз, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ