понеделник, октомври 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Произведени 10 течни дрва за прочистување воздух во 10 школи во Кавадарци

Произведени 10 течни дрва за прочистување воздух во 10 школи во Кавадарци

1

Произведени се 10 течни дрва за прочистување воздух во 10 училишта во Кавадарци, информираше иноваторот, професор доктор Димитрија Ангелков од Кавадарци, во рамките на настанот посветен на денот на граѓанските организации што работат на полето на екологијата, заштита на човековите права и слично.

– Вкупно производство на три метри кубни кислород на ден и 72 метри кубни на ден прочистен воздух. Секој месец произведени 1.600 литри течно органско ѓубриво. Проектот е поддржан од УНДП, Европска комисија и Општина Кавадарци – рече Ангелков, кој работи како професор по стручни предмети, во средното електромашинско училиште.

Toj појасни дека станува збор за евтина инсталација од по 16 шишиња во кои се одгледува алгата хлорела вулгарис, што се храни со јаглерод диоксид, а испушта кислород, а притоа се претвора во биомаса.

– Кога ќе се презасити системот, 90 отсто од течноста се исфрла во растенија како органско ѓубриво, алгата може да се прецеди на ткаенина, да се исуши на сонце и таа може и да се јаде. Значи, алгата ја користиме сите, еве сите со години користиме спирулина – подвлече тој.

Според него, ова го решава проблемот со загадувањето во просториите.

– Воздух влегува во течноста со алгата и тврдите честички од воздухот се апсорбираат во течноста, а одозгора излегува прочистен воздух. Значи, практично имаме и филтер-станица која го прочистува воздухот. После, јаглерод диоксидот се претвора во кислород. Целата инсталација изгледа убаво, може да биде како украс кога ќе светне така зелено, темно смарагдна боја, декоративно е, лесно е за одржување – подвлече Ангелков.

Тој рeчe дека вакви евтини инсталации може да се инсталираат и по дома.

– Микроалгите се со брз раст и висок капацитет за фотосинтеза, посебно оваа. Може да се истурат во канализација, па потоа отпадната вода заедно со овие микроалги побрзо се распаѓа и практично правиме и прочистување на канализацијата – додаде тој, како претседател на здружението „Иднината е сега“.

 

ИЗДВОЕНИ