петок, август 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Заладувањето пристигнува од недела

Заладувањето пристигнува од недела

1

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачности со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

ИЗДВОЕНИ